Мисија, визија и цели

 

Визија 

Визијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (Комитетот) е општество во кое сите луѓе ги уживаат и практикуваат нивните основни права и слободи и имаат заштита во случај на нивно прекршување или ограничување.

Мисија 

Мисијата на Комитетот е заштита и унапредување на човековите права и слободи гарантирани со Уставот на РМ и меѓународните инструменти за граѓанските, политичките и за социјалните, економските и културните права, како и Завршниот документ од Хелсинки од 1975 година и градење на демократски услови во кои тие можат да се практикуваат врз основа на владеење на правото.

Мисијата Комитетот ја исполнува преку дејствување во областите:

  1. Човекови права
  2. Демократија
  3. Владеење на право
  4. Еднаков третман

Стратешки цели 

Во наредните три години, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе биде посветен на остварување на трите основни стратешки цели кои произлегуваат од Визијата и Мисијата на организацијата:

  • 1.Унапредување и заштитата на човековите права и слободи;
  • 2.Подигнување на свеста на граѓаните за нивните права и слободи и механизмите за нивна заштита;
  • 3.Создавање на овозможувачка средина за остварување на правата на граѓаните во општеството како целина.