Што можеме да направиме за вас?

Доколку сте жртва или сведок на корупција и доколку го пријавите случајот со пополнување на образецот достапен на нашата веб страна во полето „Вклучи се”, Хелсиншкиот комитет може да Ви обезбеди бесплатно правно советување. Случајот можете да го пријавите анонимно или со наведување на Вашите лични податоци. Секој случај за којшто ќе се утврдат елементи на коруптивно кривично дело, ќе биде процесуиран согласно законите до надлежните институции и постоечките заштитни механизми за борба против корупција. Пријавата ќе биде поднесена во Ваше име доколку сте согласни да ги искористиме Вашите лични податоци дадени во пријавата, откако ќе Ве исконтактираме. Доколку не дадете изречна согласност, секоја пријава ќе биде поднесена како од анонимен извор.