Кои сме ние?

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија е независно, непартиско, нерелигиозно, непрофитно здружение на граѓани, кое се финансира од проекти, донации, сопствени и други извори. Здружението е основано во 1994 година. Мисијата на Комитетот е заштита и унапредување на човековите права и слободи гарантирани со Уставот на РМ и меѓународните инструменти за граѓанските, политичките и за социјалните, економските и културните права, како и Завршниот документ од Хелсинки од 1975 година и градење на демократски услови во кои тие можат да се практикуваат врз основа на владеење на правото.

Преку своите програми, Комитетот обезбедува бесплатна правна помош, поднесува правни иницијативи, прави истражувања во полето на човековите права, организира семинари, конференции и тренинзи, и врши мониторинг врз работата на државните институции (Претседателот, парламентот, Владата на РМ, министерствата, судовите, јавната администрација. Полицијата, и слично). За да ја информира јавноста за случаите на прекршување на човековите права, Комитетот репортира за состојбата во државата на месечно и годишно ниво, како и преку прес конференции, изјави, анализи и специјални извештаи.