Политика за приватност

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ПРИ ПОСЕТА НА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦАТА WWW.PRIJAVIKORUPCIJA.MK

Оваа Политика за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој prijavikorupcija.mk ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците при посета на оваа интернет страница. Оваа политика за приватност се однесува единствено за интернет страницата и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини. Оваа Политика на приватност не се однесува на Вашата посета на други интернет страници до кои пристапувате преку нашата интернет страница.

КОИ ИНФОРМАЦИИ ГИ СОБИРАМЕ И ЗА КОИ ЦЕЛИ СЕ КОРИСТАТ СОБРАНИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ?

За време на посетата на интернет страницата, Вашата приватност целосно се почитува.

Образецот за пријавување корупција може да се пополни и без лични податоци и во тој случај секоја пријава за којашто ќе се утврдат елементи на коруптивно кривично дело, ќе биде поднесена како од анонимен извор. Доколку ги внесете Вашите лични податоци, Хелсиншкиот комитет може да ве контактира во текот на разгледувањето и проверката на пријавата. Пријавата ќе биде поднесена во Ваше име доколку сте согласни да ги искористиме Вашите лични податоци дадени во пријавата, откако ќе Ве исконтактираме.

Доколку одлучите да ги оставите своите лични податоци во делот од пријавата, тие ќе бидат искористени единствено за стручниот тим на Хелсиншкиот комитет да биде во можност да ве исконтактира доколку се потребни дополнителни информации, да ве известува за текот на постапката, како и да добие дозвола од вас за споделување на било какви лични податоци со надлежните институции. Вашето име нема да биде изложено на јавниот дел од веб страната и никој надвор од тимот нема да има пристап до вашите податоци.

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.

НА КОЈ НАЧИН СЕ ВРШИ ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?

Обработката на Вашите лични податоци prijavikorupcija.mk ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.

Prijavikorupcija.mk применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страница. Личните податоци може да се откријат само на надлежни органи во со закон предвидена постапка.

ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ

Имајќи ја предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници. При посетата на интернет страницата од корисниците, prijavikorupcija.mk може да евидентира и информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификуваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страницата. Таквите информации може да ги вклучуваат името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на интернет страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на интернет провајдерите и се различни за секој корисник на интернет и слични информации.

КОЛАЧИЊА НА ПРЕБАРУВАЧОТ НА ИНТЕРНЕТ

“Cookies” се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер заради следење на движењето на вашиот интернет пребарувач од страна на интернет страницата, но не се поврзуваат со ваши лични податоци кои сте ни ги доставиле. Со помош на ваквите фајлови prijavikorupcija.mk го следи движењето на посетителите на страната по неа и на тој начин собира податоци за да се подобри корисничкото искуство и за да ја оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страницата. На интернет страницата има само таков тип на “Cookies” што се чуваат на компјутерот на корисникот онолку време колку што има поставено во интернет пребарувачот. Корисниците може да изберат да ги наместат своите пребарувачи на интернет да ги одбијат колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.

ПРОМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Prijavikorupcija.mk има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ

Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, ве молиме не користете ја интернет страницата. Вашето континуирано користење на интернет страницата следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.