Што може/треба да направиш ако си засегнат?

Борбата против корупцијата започнува со тебе!

Секој граѓанин мора да се спротивстави на корупцијата со тоа што нема да зема ниту да дава поткуп, ќе ги почитува законските прописи и ќе ги поттикнува останатите да го прават истото.

Доколку се сомневаш или забележиш корупција на некое место, треба да пријавиш. Тоа може да го направиш на нашата страна со пополнување на образецот за пријавување во полето ,,Вклучи се”. Исто така случаите на корупција може да се пријават и кај надлежните институции со искористување на заштитните механизми.

Надлежни институции за пријавување корупција се:

Секторот за корупција во состав на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи, е организирано како Одделение за корупција при јавни набавки и Одделение за класична корупција и злоупотреби во јавниот и приватниот сектор.

ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје
тел.: +389 (02) 3117-222
e-mail: kontakt@moi.gov.mk

Јавното обвинителство е организирано како Јавно обвинителство на Република Македонија, Вишо
јавно обвинителство, Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и
Основно јавно обвинителство.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се основа за целата територија на Република Македонија со седиште во Скопје и е надлежно да постапува за кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување од членот 353 став (5), примање на поткуп од значителна вредност од членот 357 и противзаконито посредување од членот 359 – сите од Кривичниот законик, извршени од избран или именуван функционер, службено лице или одговорно лице во правно лице.

Кеј Димитар Влахов бб, 1000 Скопје
тел.: +389 (02) 3219-850, +389  (02) 3298-288
e-mail: jorm@jorm.gov.mk

Надлежна институција за пријавување корупција е Државната комисија за спречување на корупцијата во Република Македонија, којашто е основана со Законот за спречување на корупцијата, од 2002 година. Комисијата има надлежност да ги применува мерките и активностите за спречување на корупцијата во вршењето на власта, јавните овластувања, службената должност и политиката, мерките и активностите за спречување на судирот на интереси, мерките и активностите за спречување на корупцијата при вршењето на работи од јавен интерес на правните лица сврзани со остварувањето на јавни овластувања, како и мерките и активностите за спречување на корупцијата во трговските друштва.

ул. Даме Груев бр.1, 1000 Скопје
тел.: +389 (02) 3215-377
e-mail: dksk@dksk.org.mk

Дополнително, сопствени механизми за пријавување на корупција имаат и следниве институции:

ул. Лазар Личеноски бр.13, 1000 Скопје
тел.: 197
e-mail: info@customs.gov.mk
ул. Орце Николов бр.116, 1000 Скопје
тел.: 0800-50030
e-mail: prijavikorupcija@morm.gov.mk
Плоштад „Пресвета Богородица“ бр.3, 1000 Скопје
тел.: +389 (02) 3106-645
e-mail: financial.police@finance.gov.mk

Корупција може да се пријави и во општините. Согласно членот 50 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, раководителот на субјектот од јавниот сектор назначува лице кое известува за неправилности и сомнежи за измами или корупција. Оттаму, секоја општина има сопствен механизам за спречување на корупција.